ИДНИНАПРОМ е приватна компанија формирана во 1990 година, чија основна дејност се завршни занаетчиски работи во градежништвото, а специјалност продажба и инсталирање на подни облоги.

Со текот на годините ИДНИНАПРОМ израсна во една од најкредибилните компании во областа на подни облоги во Македонија. Тоа се должи на навремената испорака и квалитетна изведба кај многубројни задоволни клиенти. До сега имаме испорачано и инсталирано повеќе од 500.000 m² различни видови подни облоги.

Нашата програма на подни облоги ги опфаќа следниве производи од нашите партнери:
Fatra - чешки производител на ПВЦ винилни подови

Infloor - германски прооизводител на текстилни подови во ролна
Heuga - холандски производител на текстилни подови во плочи
MERO TSK - германски производител на електростатски подигнати подови
Nora - германски производител на гумени подови

За да вашето задоволство од домашниот или работниот простор биде комплетно, нашата понуда ја збогаивме со влезни брисачи, анти-замор патосници (anti-fatigue mats) и противклизни траки од програмата на 3М Facilities Care & Cleaning.

ИДНИНАПРОМ располага со сопствен магацински проостор, во кој во секое време има залиха од околу 10.000 m² различни подни облоги. Исто така располага со комплетна опрема и алати за успешно и квалитетно вршење на дејноста. Покрај редовно вработените, фирмата има и надворешни кооперанти, што овозможува квалитетно и навремено завршување на превземените обврски.

Нашето мото е КРЕАТИВНОСТ, УНИКАТНОСТ и ТРАЈНОСТ.

Покрај испораката и инсталирањето на подни облоги, Иднинапром има развиено неколку производи за домашен и медицински ентериер.

 

 .
.

Иднинапром ДОО Скопје
Бул.св.Климент Охридски бр.20а/6
1000 Скопје, Република Македонија
Tел./факс: +389-2-3222501
Тел.: +389-2-3224210
Е-меил: info@idninaprom.com.mk