
Fatra е традиционален чешки производител на винилни подни облоги кој во својата програма моментално има 4 брендови:
LINO Fatra - хетерогена и хомогена ПВЦ подна облога,

Thermofix - винилна подна облога во плочки,
Imperio - луксузни винилни плочи,
FatraClick - пловечки винилни подни облоги.
Сите материјали се со гарантиран квалитет за монтажа во комерцијални објекти, училишта, болници, домови, спортски центри и лесната индустрија.
Винилните подови на Fatra го карактеризираат модерниот начин на живеење и новата технологија на нивно производство. Обезбедуваат пријатен престој во просторот, здрава и чиста животна средина и заштита од алергии. Посебните видови ПВЦ подни облоги обезбедуваат услови на електростатско празнење (електростски подови) и спречување на појава на статички набој (антистатски подови). Fatra винилните подни облоги ги исполнуваат европските стандарди ISO 9001.

LINO Fatra ПВЦ подни облоги се хомогени или хетерогени материјали со голема палета на дезени и бои. Тие се карактеризираат со: атрактивен изглед, висока отпорност на истрошување, антистатски и електропроводни, сите се со ПУР заштита која овозможува лесно одржување, одговараат на барањата на НАССР системот.

Thermofix е винилна подна облога во која е употребена најсовремена технологија за изработка на хетерогени ПВЦ подни обоги. Тие се карактеризираат со извонредна отпорност на абразија комбинирана со софистициран природен дезен на дрво, камен, метал и текстил. Во него е вграден слој на платно од стаклена волна која му дава извонредна димензионална стабилност. Овие уникатни карактеристики надополнети со карактеристики како што се противклизност, добри термички карактеристики, подобност за подно греење, добра звучна апсорпција при чекорење и лесно одржување, ја прават оваа винилна облога совршена за деловни објекти во кој се бара софистициран изглед и дезен како и висок степен на оптоварување.

Imperio е винилна подна облога произведена со новата технологија на термостабилност која ја прави оваа подна облога уникатна по нејзините карактеристики. Висока димензионална стабилост, уникатен дезен на дрво со рустикална површина, отпорност на влажна средина, висока пригушност на звукот, еколошка - 100% употреба на рециклирани материјали.
