Политика за приватност на Иднина Пром

Во оваа Политика, ние како Друштво за производство, промет, инженеринг и застапување ИДНИНАПРОМ Васка и Борис ДОО Скопје (во понатамоштен тескт Иднинапром), контролор на лични податоци, детално ќе ги опишеме Вашите права на доверливост и приватност на личните податоци. Овој документ обезбедува детали за начинот на собирање, обработка, чување и евентуален пренос на податоците што ги собираме и чуваме за Вас, и зошто можеби ќе треба одреден дел од вашите лични податоци да ги споделиме со други организации.

Информации за обработка и заштита на личните податоци
Со овие информации сакаме да Ве информираме во детали за обработката на Вашите лични податоци како:

- посетител на веб страницата на Иднинапром,
- како корисник на услугите и производите на Иднинапром,
- како вработено лице, во однос на обработка на податоците која произлегува од Вашиот договор за вработување и изјавите кои сте ги дале
- како подносител на пријава за вработување,
- како договорна страна при склучување на договор за деловна соработка, за извршување на услуга или работа,
како и:
- за правниот основ и целите за обработка на податоците,
- правата кои можe да ги остварите во врска со обработката на личните податоци.

1. Кој е одговорен за обработката на Вашите лични податоци ?
Иднинапром е Контролор кој врши обработка на Вашите лични податоци и е одговорен за обработка на вашите лични податоци, како и за воспоставување на мерки за сигурност на податоците преку креирање и спроведување на физички,технички и организациски мерки.
2. Цел на обработка на личните податоци се:
- Остварување на права и обврски од работен однос или друг договорен однос
- Остварување на право на аплицирање на оглас за вработување и понатамошна обработка на Вашата биографија и пропратни документи
- Да Ве контактираме за неплатени обврски или заостанат долг
- Остварување на правата при користење на услуги од Иднинапром
- Прием и одговор на Ваши барања испратени по маил
- Пост-продажни и маркетинг активности
3. Правни основи за обработка на личните податоци се:
- Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
- Исполнување на договорна обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
- Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација
- Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
4. Кои категории на лични податоци ги обработуваме
- Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
- Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контакт - Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.
- Вршење на монтажа: име, презиме, телефон, е-адреса, место, компанија и адреса - Правен основ за обработување на овие податоци е постоење на легитимен интерес на компанијата
- Користење на нашата веб страна: времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација - Правен основ за обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната
5. За која цел се користат овие податоци
Наша цел е да Ви го обезбедиме продуктот и услугата кој што го имате нарачано. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за и од Вас за да ни помогне да ги водиме и подобриме услугата спрема клиентот. На пример, дадените информации може да и помогнат на Иднинапром да:
- Ви обезбеди најдобра услуга
- добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги
- се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
- ги задоволат потребите на клиентите во иднина
На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци:
- Друштва за осигурување – со цел реализација на права од Вашето приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
- Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000), со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
- Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
- Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и Иднинапром и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Иднинапром
- Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,), со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
- Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
- Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
- Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
- Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
- Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).
Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:
- Усогласување со некоја законска норма
- Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
- Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
- Агенции за наплата на побарувања - со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
- Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со Иднинапром
- Надворешни изведувачи на ИТ услуги - со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
- Сметководители - со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
- Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти.

Пренос на податоци
Иднинапром ќе се погрижи секој меѓународен трансфер на информации за гостите да биде преземен само во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со земји кои можат да обезбедат соодветно ниво на заштита на правата и слободите на нашите корисници.
Иднинапром не врши пренос на податоци.
Доколку Вашите податоци бидат предмет на меѓународен трансфер, Вие ќе бидете соодветно и навремено известени.
Колку долго ги чуваме Вашите податоци
Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.
Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.
Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор.
Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.
Законска обработка на лични податоци
Дозволено ни е да ги обработуваме Вашите информации само ако имаме правна основа за тоа.
Обработката на личните податоци е законита, само ако и до оној степен доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:
- субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели,
- обработката е потребна за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот,
- обработката е потребна за исполнување на законска обврска на контролорот,
- обработката е потребна за заштита на суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице,
- обработката е потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон,обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете.
Вашите права
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:
- да се информирате околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени, преку остварување на правото на пристап до информации утврдено во член 26;
- да побарате од Иднинапром да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, согласно член 10;
- да побарате од Иднинапром да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат, согласно член 10;
- да побарате од Иднинапром да ги избрише Вашите лични податоци, согласно член 10;
- да поднесете барање до Иднинапром со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци, согласно член 8;
- да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.
Промена во политиката за приватност на личните податоци
Иднинапром има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

Офицер за заштита на лични податоци е Ѓоко Јошески e-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 1.
 2.
 3.

 

 .
.

Иднинапром ДОО Скопје
Бул.св.Климент Охридски бр.20а/6
1000 Скопје, Република Македонија
Tел./факс: +389-2-3222501
Тел.: +389-2-3224210
Е-меил: info@idninaprom.com.mk

Веб страницата користи колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро корисничко искуство. Прочитај повеќе.